Економија, финансии, бизнис

Контакт

НДМ: Иванов да се извини што не ги спомна војниците кои загинаа во 2001

НДМ: Иванов да се извини што не ги спомна војниците кои загинаа во 2001

Народно движење за Македонија изрази голема огорченост од говорот на претседателот Иванов по повод денот на Армијата, бидејќи како што велат, на отворена сцена се рушеа историските вредности на македонскиот народ.

Тие бараат претседателот да се извини затоа што не ги спомна загинатите македонски борци од 2001 година.

,, Имено, за НДМ е неразбирливо зошто Иванов во делот каде зборуваше за заслужните за денешната македонска армија и држава, започнувајќи од 1915 година кога бил отворен Македонскиот фронт и во кој загинале 200.000 македонски војници мобилизирани во туѓи армии и за туѓи интереси, па се до неговата благодарност како што истакна до сите денешни пензионирани генерали, воопшто не ги спомна и педесетината македонски војници кои поради тогашната лоша домашна политика гинеа за туѓи интереси на боиштата во поранешна Јуославија како и осумдесетината загинати бранители во војната во 2001, кои со положувањето на своите животи исто така се вградија во градењето на слободна и независна Македонија" - се вели во соопштението од НДМ.

Тие велат дека доколку Иванов не се извини, тоа ќе значи дека тој ,,се оградува и не ги признава загинатите македонски војници на боиштата во поранешна Јуославија и загинатите бранители за време на Татковинската војна во 2001-та''.

Слично

Поврзани вести