Економија, финансии, бизнис

Контакт

НБРМ во ноември ќе даде свое видување за растот на економијата

НБРМ во ноември ќе даде свое видување за растот на економијата

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) ќе ги ревидира своите претходни проекции за идната година.

Предлог-буџетот за 2017 година предвидува раст на економијата од 3%. 

На почетокот на ноември НБРМ ќе даде свое видување за растот кој се очекува во 2017 година. 

„НБРМ дава  најдобар придонес за остварување на економскиот раст со задржување на ценовната стабилност и стабилноста на банкарскиот систем“ - изјави денеска гувернерот на НБРМ, Димитар Богов. 

Владата најдобро знае дали се остварливи проекциите во предлог-буџетот што беше усвоен на вчерашната владина седница и денеска треба да го достави до Собранието, смета Богов. 

Објаснува дека НБРМ ќе се прилагоди на секој буџет што ќе биде донесен односно ќе ја прилагоди монетарната политика за да се остварат основните цели на НБРМ, а тоа е монетарната  стабилност и стабилноста на банкарскиот сектор.

Вкупните приходи кои се планираат се на ниво од 187,6 милијарди денари, што е за 7,6% повеќе во однос на 2016 година. Вкупните расходи се планираат да бидат 206,22 милијарди денари, или за 4,5% повеќе во однос на годинава, а капиталните инвестиции да имаат рекорден износ од 26,95 милијарди денари. 

Слично

Поврзани вести