НБРМ: Политичката криза останува ризик за економијата
Домашните политички случувања и понатаму остануваат ризици коишто може да влијаат на темпото на идното закрепнување на економијата е заклучокот на последната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка.
Од Централната банка велат дека домашната економија продолжува да расте со солидно темпо благодарение на поддршката од кредитната активност на домашните банки а закрепнувањето се движи без било какви ценовни притисоци .
Во поглед на девизните резерви од НБРМ соопштуваат дека тие се на ниво кое е доволно економијата да се соочи со непредвиден шок
Најновите показатели покажуваат дека домашната економија и понатаму расте со солидно темпо, делумно поддржана од кредитната активност на домашните банки. Економското закрепнување се одвива без ценовни притисоци и без притисоци во надворешниот сектор.
По темпото на раст на БДП од 3,5% во третиот квартал од банката велат дека е веројатно да се задржи солидното темпо и во четвртиот квартал, но сепак закрепнувањето на глобалната економија кое е неизвесно, неповолните услови на глобалниот пазар на метали и неизвесната политичка криза во земјава која трае веќе подолг период се ризиците кои може да имаат влијание врз економијата во иднина.
