НБРМ: Одземени се дозволите за работа на две скопски штедилници
Народната банка денеска соопшти дека се одземени дозволите за работа на две скопски штедилници. Како причина се наведува нивната преобразба во финансиски друштва, без да се спроведе постапка на ликвидација.
Дозволите ги изгубија „Штедилница Баваг“ ДОО Скопје и „Штедилница Младинец“ ДОО Скопје, стои во соопштението на НБРМ.
Инаку ова се први трансформации на штедилници во финасиски друштва, откако пред два месеца со измените на Законот за банки беа поедноставени процедурите.
Слично
