НБРМ, ОЧЕКУВАЊА ЗА 2015: Храната ќе поскапува, нафтата ќе поевтинува, државните резерви се намалуваат!
Пад на девизните резерви за скоро 14 милиони евра. Во ноември, во однос на октомври салдото на девизните резерви се намалило, меѓудругото, како резултат на транскациите на НБРМ за сметка на државата. Имено, според најновиот декемвриски извештај на Народната Банка, во октомври буџетскиот дефицит се финансирал главно преку повлекување на пари од сметката на НБРМ. Народната банка објави прокеции и прогнози за следната 2015 та година.
Надворешно опкружување: Нафтата ќе поефтинува, храната ќе поскапува..
Растот на најмоќната европска економија, Германија, ќе забави. Странската побарувачка ќе се намали. На истекот од оваа година, Народната Банка ги намали проекциите за трендовите во надворешното опкружување не само за годинава туку и за новата 2015та година.
“Надолна ревизија е извршена и на проекцијата за 2015 та година, за кога се предвидува раст на странската побарувачка од 1,3%, наспроти раст од 1,5% во октомвриската проекција“ - се посочува во новиот извештај.
Така, според НБРМ, влијание врз ваквите очекувања има забавувањето на економскиот раст на германската економија, а од опкружувањето, Србија се очекува годинава да ја заврши со подлабока рецесија поради негативните ефекти од мајските поплави.
Според прогнозите на Народната Банка, позначајно зголемување на странската побарувачка се очекува во 2016 та година, со раст од 1,8%.
И стапката на инфлација е со надолна корекција, главно како резултат на пониските потрошувачки цени во Германија. Во 2015 та се очекува стапка на странска инфлација од 1,1%, наспроти прокецијата од 1,3%.
Во последниот економски квартал од годинава, цената на нафтата и натаму се намалува.
“Ова пред се е резултат на одлуката на ОПЕК да не се намалува обемот на производството во наредниот период. Дополнителни фактори коишто влијаат за намалување на цената на нафтата се континуираното зголемување на понудата, се уште слабата побарувачка и силниот девизен курс на америкаснката валута.“ - се наведува во декемвриската проекција на НБРМ и се додава:
“Оттука, на годишно ниво, во 2014 и 2015 година се очекува поголем пад на цената на нафтата во споредба со октомвриската проекција. Додека во 2016 година се очекува стабилизирање на цената и одреден пораст.“ - пишува во извештајот.
До година, се очекува раст на цените на пченицата и пченката, наместо проектираниот пад во октомвриската проекција.
“Ова доаѓа како резултат на намалувањето на светското прпизводство на житарици, како и тековно неповолните временски услови во САД што доплнително се очекува да се одрази врз производството на овие култури“ - заклучува НБРМ.
Внатрешни фактори: девизните резреви се намалуваат...
Ноември заврши со пад на државните резреви. Според новите податоци на НБРМ, состојбата на државните резерви на крајот од единаесеттиот месец инезувала 2,4 милијарди евра и во однос на крајот од третиот квартла, тие се намалиле за 13,8 милиони евра.
“Падот на девизните резерви во најголем дел се должи на нето-продажбата на девизи од страна на НБРМ на девизниот пазар и трансакциите за сметка на државата, коишто делумно беа неутрализирани со позитивните движења кај валутните промени и промените на цената на златото“ - оценува Народната Банка.
Дел од повлечените депозити завршиле за финасирање на буџетскиот дефицит во октомври. Така, според НБМ, во октомври буџетскиот дефицит изнесувал 3,5% од БДП, што претставува 92,4% од предвидениот дефицит за целата година.
“Од аспект на неговото финансирање, во октомври буџетскиот дефицит беше финансиран преку повлекување депозити од сметката на НБРМ, додека врз основа на државните хартии од вредност државата изврши нето-отплати“ - се констатира во извештајот на НБРМ.
Во структурата на девизните резерви, заклучно со октомври 2,2 милијарди евра се чувале врзани за конвертибилни валути а 203 милиони евра биле во дорма на златни резерви.
А.Д.
Слично
