Економија, финансии, бизнис

Контакт

НБРМ: Неизвесната политичка криза ризик за економијата

НБРМ: Неизвесната политичка криза ризик за економијата

Народната банка денеска реши на аукција да бидат понудени благајнички записи на ниво од 25.500 милиони денари, со непроменета каматна стапка од 3,25%.

Темпото на раст кое го бележи Централната банка е солидно благодарение на поддршката на домашните банки.

Од НБРМ велат дека закрепнувањето на економијата се одива без  без ценовни притисоци и без притисоци во надворешниот сектор.

Ефекти и ризици врз домашната економија, според показателите на Народната банка е неизвесната политичка криза во земјава а ризиците се оценува дека се ограничени.

Иднината на економијата зависи од тоа колку ќе се стабилизира домашниот политички контекст и нeговите ефекти врз економијата, како и од промените во надворешната позиција и ефектите врз девизните резерви.

На девизниот пазар се забележани стабилни движења при што дел од нето-продажбата на девизи за потребите на компаниите беше надоместена со повисоката понуда на девизи од менувачкото работење, особено во периодот на католичкиот Велигден.

Пораст забележа и понудата на девизи на  меѓубанкарскиот девизен пазар, каде што девизниот курс умерено се намали. Во такви околности, Народната банка не интервенира со банките поддржувачи на девизниот пазар.

Во однос на инфлациските остварувања, податоците за март покажуваат намалување на општото ценовно ниво во првите три месеци од годината, во просек за 0,1% на годишна основа. Падот на цените е резултат на намалувањето на цените на енергијата и храната, додека базичната инфлација и натаму расте.

Остварувањата се пониски од очекуваните, што заедно со надолните ревизии на претпоставките за увозните цени на енергијата и храната и натаму упатува на надолни ризици за проекцијата за инфлацијата за оваа година.

Сепак, треба да се има предвид големата неизвесност околу идното движење на светските цени на нафтата и можноста за ненадејни промени кај оваа категорија.

Слично

Поврзани вести