Економија, финансии, бизнис

Контакт

НБРМ лансираше нова колекционерска монета во знакот на бикот

НБРМ лансираше нова колекционерска монета во знакот на бикот

НБРМ лансираше нова уникатна кована стоденарка во хороскопскиот знак бик како дел од нејзината астролошка серија на колекционерски пари.

– На аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа коишто го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Бик.

Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. На основата е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018“.

– На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на бик од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“, создаден од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век.

Цената на кованaтa парa „Бик“ која е од сребро изнесува 2.800,00 денари.

Слично

Поврзани вести