НБРМ ќе го одбележи „Денот на финансиска едукација“
Народната банка на Република Македонија ги поканува медиумите утре,11.5.2017 година да го забележат настанот „Ден на финансиска едукација“ во организација на Координациското тело на регулаторните институции за финансиска едукација во Македонија составено од Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Комисијата за хартии од вредност и Агенција за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување.
Целта на настанот е да придонесе кон јакнење на општата свест за тоа колкава е потребата од финансиска едукација и кои се придобивките од таквото знаење.
На настанот ќе бидат поканети претставници од релевантни институции во земјава, ученици од основните и средните училишта, студенти од Економскиот факултет во Скопје и од Центарот за претприемачко учење.
Настанот ќе се одржи во Градскиот парк - Скопје (Школка), со почеток во 11.00 часот.
