НБРМ го ревидираше растот на 2,3 проценти за годинава
Народната банка ја објави новата ревизија на макроекономските показатели за оваа, но и за следната 2017 година.
Според најновите проекции на Централната банка економскиот раст годинава треба да изнесува 2,3 проценти, кој забрзувајќи го темпото во 2017 би требало да достигне 3,5 а во 2018 3,8 проценти.
Што се однесува до инфлацијата, гувернерот Богов очекува таа до крајот на годината да биде нула, додека во следните две години, очекувањата на Народната банка се забрзување на растот на цените и стапка на инфлација од 1,3 во 2017 додека 2 проценти се очекува да стигне стапката на инфлација во 2018.
Од НБРМ велат дека банкарскиот систем е стабилен а кредитниот раст до крајот на годинава се очекува да биде 5,6 проценти.
Слично
