НБРМ: Девизните резерви во ноември без значајни промени
Последните податоци на НБРМ покажуваат дека девизните резерви во текот на октомври и ноември не бележат поголеми промени, а девизниот пазар веќе подолг временски период е стабилен и банката не интервенирала со продажба/откуп на девизи.
Во однос на надворешниот сектор, дефицитот бил помал од очекуваниот, додека финансиската сметка покажува дека приливите и во следниот период ќе бидат комбинација од должнички и недолжнички текови, а ваквата позиција на билансот на плаќања обезбедува одржување на девизните резерви во сигурната зона.
Разгледувајќи ги состојбите во домашната економија движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, движењата во банкарскиот систем и најновите макроекономски показатели во контекст на поставеноста на монетарната политика од НБРМ заклучуваат дека економијата бележи солиден економски и кредитен раст, отсуство на ценовни притисоци и платнобилансна позиција којашто обезбедува одржување на девизните резерви на адекватно ниво.
Засега ризици постојат од неизвеснноста во домашните политички случувања кои може да се прелеат во економијата додека од страна на надворешните фактори ризиците се поврзани со евентуалните промени во динамиката на заздравување на глобалниот економски раст и движењата на цените на примарните производи на светските берзи.
На ризиците од НБРМ ќе влијаат со последната мерка со направија промени во поставеноста на инструментот задолжителна резерва која има за цел да обезбеди понатамошна поддршка на долгорочното штедење во домашна валута, а со тоа и поддршка на процесот на „денаризација“ на економијата.
Првичните податоци од октомври покажуваат дека растат вкупните месечни кредити на приватниот сектор чија поддршка е насочена кон секторот „население“.
Во октомври, ликвидноста на банките под влијание на автономните фактори се намалила, што услови понизок интерес на банките за монетарните инструмент а при пониска ликвидност, банките активно тргувале со депозити на пазарот на пари, а релативно висока трговска активност беше забележана и на секундарниот пазар со хартии од вредност.
