Економија, финансии, бизнис

Контакт

НБМ: Криза е, за добрите компании ќе има евтини кредити, лошите нека му ја мислат!

НБМ: Криза е, за добрите компании ќе има евтини кредити, лошите нека му ја мислат!
Советот на Народната банка на Македонија за прв досега донесе нековенционална мерка со која очекува да им помогне на извозните компании полесно да је пребродат криза. Мерката се носи како последица на европската должничка криза. „Се намалува основицата за задолжителна резерва за износот на кредити кои што банките ќе ги одобрат и исплатата на компании нето извозници или за финансирање на проекти за производство на електрична енергија, било да е за сопствени или за комерцијални цели. Втора новина е што се намалува износот на обврската за задолжителната резерва за пласираните средства од страна на банките во корпоративни обврзници издадени од фирми нето извозници или за финансирање на проекти за производство на електрична енергија. Трета новина е што се пресметува стапка од нула отсто задолжителна резерва за сите издадени корпоративни обврзници од страна на банките, со рочност над две години“, изјави  гувернерот Димитар Богов. Се работи за нестандардна мерка. Се предвидува оваа измена да се применува заклучно со 2014 година, кога зависно од постигнатите резултати, ќе се преиспита потребата од натамошна примена. Мерка наменета само за компании кои редовно си ги намируваат кредитите Неконвенционалната мерка на НБРМ исклучиво е наменета само за компании кои се во А и Б категорија односно оние кои редовно ги намируваат обврските. Со мерката целта не била да се стимулира кредитирањето, туку да се поевтини цената на кредитите за овие клиенти со што тие ќе бидат поконкурентни на пазарот. Гувернерот Богов потенцираше дека и другите банки пред финансиската криза немале потреба од носење вакви одлуки, но по избувнување на кризата, повеќе централни банки почнале да носат вакви неконвенционални мерки. Ризици за економијата не постоеле. „Мерката е насочена не кон државата, не кон владата, туку е насочена кон претпријатијата, значи за претпријатијата кој ќе добијат кредит, а се некои извозници или финансираат енергетски проект, конкретно производство на електрична енергија, само за тие кредити банките ќе можат да бидат ослободени од обврската за задолжителна резерва“, изјави Богов. Богов VS Гошев За завчерашните тврдења на екс гувернерот на НБРМ Петар Гошев, дека јавниот долг е 45% од БДП, Богов потенцираше дека најверојатно во тој податок се вклучени обврските на Народната банка што не се обврска на Владата, туку на централната банка. Она што претставува јавен долг, додаде, е објавено на страната на Министерството за финансии. “Немав можност во целост во целост да ја проследам изјавата на Гошев, но она што е долг на земјата може да се утврди според податоците на Министерството за финансии, што се нарекува општа влада, но јавниот долг од 45 отсто од вредноста на БДП ги опфаќа и обврските на НБРМ, но тие не се обврски на Владата“, истакна Богов, додавајќи дека обврските по основ на благајнички записи и репо работи, иако се евидентираат како обврски, тие сепак се инструменти на монетарата политика и основа на работата на НБРМ, од кои истата заработува. И.М.
Слично

Поврзани вести