НБА кошаркарот Котуровиќ три месеци ќе остане во гевгелискиот затвор
Српскиот репрезентативец и поранешен НБА кошаркар Дејан Котуровиќ е осуден на три месеци затвор, кои ќе ги одлежи во затворот во гевгелија. Гевгелискиот Основен суд донел ваква пресуда по обвинението на Котуровиќ за фалсификување на документи.
Пред повеќе од две недели тој беше уапсен на македонско-грчката граница откако се испостави дека автомобилот што го возел бил украден во Бугарија.
Котуровиќ пред судот тврдел дека бил жртва на измамници и дека не знаел оти документите за автомобилот се фалсификувани. Неговите адвокати најавија жалба на пресудата.
Слично
