Економија, финансии, бизнис

Контакт

Назначен обвинител, случајот на Тамара ќе се испитува

Назначен обвинител, случајот на Тамара ќе се испитува

За случајот со малата Тамара од Велес, која почина вчера изутрина чекајќи термин за операцијата на рбетен столб во странство се огласи Основното јавно обвинителство кое што информираше дека е оформен предмет за истиот.

„Назначен е надлежен јавен обвинител, кој ќе го разгледа предметот и ќе започне постапка за утврдување на фактите и на евентуалната одговорност за смртта“, информираат за Фактор од обвинителството.

Министерот Тодоров пак, по прозивките на медиумите се појави во јавност и искажа сочуство до семејството на починатото девојче надополнувајќи дека треба да се истражи целата постапка за добивање средства за операција.​

Слично

Поврзани вести