Навикнувајте се на температури над 40 степени, климатските промени ќе носат пекол-лета!
Пеколни лета и благи зими кои директно ќе влијаат на водните ресурси - вакви ќе бидат ефектите од климатските промени во земјава, предупредуваат експертите. Во проекциите направени за нашата земја, проценето е дека во периодот 2025-2100 година ќе дојде до континуирано зголемување на просечната годишна температура особено во летниот период од годината. Ќе има и екстремни пикови на високи температури и долги периоди на т.н. топли бранови со континуиран број на денови над 40 степени, сметаат добро упатените.
Според проф. д-р Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје и професор на Медицинскиот факултет во Скопје, состојбата ќе биде најризична во Југоисточниот регион на државата, каде и денес најчесто се појавуваат периоди на топли бранови и временски екстреми и непогоди со поплави и суши, а најмногу во Струмица и Гевгелија. Тој за Фактор вели, дека покрај директните ефекти врз здравјето, во такви услови доаѓа и до влијание врз менталното здравје, пореметени услови за живот, снабдување со вода и струја, пореметени услови за добивање на здравствени услуги, а ваквите климатски промени би се одразиле негативно врз сите сектори од економијата, земјоделството, шумарството, водните ресурси, биодиверзитетот и врз здравјето на луѓето.
“Истражувањата во државата покажаа дека за време на топлите бранови, порастот на температурата за 1°C над границата од 30.8°C води кон зголемување на општата смртност на населението за 4.8% , посебно кај осетливите групи население. Сличен е ефектот и на екстремно ниските температури. Посебно во летниот период и топлотните бранови, се зголемува и ризикот од чести труења со храна предизвикани од бактеријата салмонела, а поврзано и со промени во однесувањето на луѓето и недоволна хигиена на храната и нејзиното приготвување и чување. Во Скопје, проценето е дека порастот на неделната температура за 1°C над просекот од 17.9°C е поврзано со пораст на случаи на Салмонела за 2.8%”, вели проф. д-р Драган Ѓорѓев.Директни здравствени ефекти и ризици Со порастот на температурата, според д-р Ѓорѓев, климатските промени имаат влијание и врз пораст на продукцијата на полен и продолжување на сезоната на полен, а со тоа и тегобите кај не малиот број луѓе кои имаат алергија на полен.Се зголемуваат и другите болести кои се пренесуваат преку вектори кои се намножуваат во вакви услови како заразни болести кои се пренесуваат со храна и вода. Но, се создаваат и поволни услови за зголемено присуство и на други инсекти преносители на заразни болести преку крлежи и комарци.Тој додава дека влијанието на силните УВ бранови од Сонцето се посебно нагласени во временските екстреми и топли периоди со секако потенцијално штетен ефект врз кожата, а што е посебно ризично кај оние кои работат на отворено како земјоделци, градежни работници. Анализите, вели Ѓорѓев, покажаа дека во услови на есктремни температурни пикови, топли но и ладни бранови во зимно време, зголемен е бројот на повици до службите за итна медицинска помош посебно за постарата популација и лицата болни од хронични болести на срцевосадовиот и белодробниот систем. Мерки за справување и адаптација на климатските промени Здравјето на луѓето и здравствениот сектор се посебно ранливи при климатските промени. Македонија има изготвено и Стратегија и Акционен план на здравствениот сектор за справување со климатските промени. Акциите според експертите, мора да бидат интерсекторски. Мора да се засили адаптивниот капацитет на сите здравствени служби, посебно во ризичните региони за што се потребни и инвестиции и тренинг на кадарот.
“Фокусот треба да биде на ранливите групи, оние кои живеат во субстандардни услови, но и старите лица и хроничните болни. Во државата е воспоставен и алармен систем за рано предупредување на ризиците посебно во услови на топли бранови”, потенцира д-р Драган Ѓорѓев.Секако, додава, Македонија ќе придонесе кон ублажување на ризиците од климатските промени и ако успее да ги намали и емисиите на т.н. стакленички гасови, ако индустриските капацитети ги применат строгите емисиони норми за загадување на воздухот, ако се форсира пристапот на енергетски ефикасни технологии и услови на живот. Од досегашните проекции и анализи, порастот на просечната температура за 6,5 Целзиусови степени до 2100 година, ќе доведе до пократко траење на снежната покривка на Галичица, Бистра, Јабланица и исчезнување на најголем дел од сегашните пасишта. Може да дојде до намалување на приносите на винова лоза за 59 отсто на доматот за 84 отсто, јаболката за 59 и луцерката за 70 проценти. Климатските промени во земјава може да предизвикаат поинтезивни и продолжени сушни периоди поради намалување на врнежите во летниот период за 16-26 отсто. Б.С.
Слично
