Навалица во Косово за биометриски пасоши
По објавувањето на препораката на ЕК за визна либерализација за граѓаните на Косово, зголемен e интересот за добивање биометриски пасоши.
„Пред шалтерите за доставување документи веќе се создадоа редици граѓани кои чекаат за да достават барање и да се фотографираат за косовска патна исправа“- пишува весникот „Зери“.
Според истиот извор, без оглед што Европската комисија препорача укинување на визите за граѓаните на Косово за земјите од ЕУ, техничкиот процес, до движењето без визи, може да потрае до три месеци. Како што пренесоа косовските медиуми, високата европска претставничка Федерика Могерини и комесарот за миграција, Димитрис Аврамопоулос, при прстојот во Приштина, одбиле да дадат точен датум кога косовските граѓани ќе може да патуваат без визи во земјите на ЕУ.
