Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАВАЛИЈА ВО АЛБАНИЈА: Странците купуваат имоти кај западниот сосед

НАВАЛИЈА ВО АЛБАНИЈА: Странците купуваат имоти кај западниот сосед

Албанија стана интересен пазар за купување недвижности. Странците купуваат имоти кај западниот сосед. 

„Според податоците од Централна банка на Албанија, која ги пресметува овие текови како странски директни инвестиции во секторот за недвижности, во 2024 година, странците купиле имот во вредност од околу 380 милиони евра. Од 2021 година, кога започнал странскиот интерес, главно на албанското крајбрежје, до март 2025 година, странците купиле имот во вредност од околу 1,3 милијарди евра, стои во анализата на весникот „Монитор“.

Учеството на инвестициите во недвижности во однос на вкупните инвестиции во земјата значително се зголемени. Во 2014 година, купувањето недвижности од странци сочинувале само 5,7 отсто од странските инвестиции, додека во 2024 година, овој удел се зголемил на 24 отсто. 

„Рекордот е поставен во првиот квартал од оваа година, каде што купувањето станови од страна на странци учествуваше со речиси 29 отсто од вкупниот тек на странски инвестиции во земјата. Вкупно, странските директни инвестиции во првиот квартал од годината изнесуваа 362 милиони евра, со мало зголемување од 2,3 отсто на годишна основа“, констатира „Монитор“.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести