Економија, финансии, бизнис

Контакт

Навалица за лиценци од РКЕ: За три месеци 30 мегавати од соларни панели

Навалица за лиценци од РКЕ: За три месеци 30 мегавати од соларни панели

Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, во своето јавување во „Студио 10“ на ТВ24 рече дека изминатиот период фимрите добиле лиценци за изградба на соларни паркови со вкупна можност од 30 мегавати.

- За три месеци РКЕ има издадено лиценци од 30 мегавати фотовалтаици за приватните компании во изминатиот период. Тоа е на ранг од потенцијалот на хидроелектраната Света Петка. Компаниите тоа го прваат да си ги намалат своите трошоци за електрична енергија. Секој треба да започне тоа да го прави од себе, рече Бислимовски.

Во наредниот период регулаторот најави и регулациски олеснувања за домаќинствата со цел полесно справување со енергетската криза.

- Она што ќе следи е тоа дека ќе има поедноставување кај домаќинствата, од 4 киловати, капацитетите на инсталираните фотоволтаици да се зголемат на 6 киловати и ќе имаат право да му ја продаваат електтричната енергија на универзалниот снабдувачќ ЕВН Хоме, наведе Бислимовски.

Тој додаде дека денеска цените на бензините и дизелот ќе се зголемат за 1,5 денар како одраз на се што се случуваше со руската инвазија на Украина изминатата недела.


Слично

Поврзани вести