Навалица од Срби по унгарски пасоши!
Над 100 илјади Срби побарале унгарско државјанство и пасош, од кои 60 илјади веќе го добиле, пренесуваат српските медиуми, посочувајќи дека станува збор за бројка од јануари минатата година.
Како услов за добивање унгарско државјанство е доказот дека предците се родени на територија на тогашна Австорунгарија до 1921 година, но и средно ниво на познавање на унгарскиот јазик. Условите ги исполнуваат и оние чии што предци се родени во Бачка, во периодот од 1941 до 1945 година, кога при поделба на Југославија таа и припадна на тогашна Унгарија.
„Три месеци го учев јазикот, толку време ми беше потребно и да ги соберам останатите документи. Во Србија за нас економистите нема перспектива и се надевам дека во Унгарија, а можеби и во некоја друга европска држава ќе најдам добра работа“, вели млад економист од Нови Сад.
Како главна причина за растечкиот крој барања за унгарски пасош, покрај вработувањето, е тоа што образованието во училиштата и факултетите е бесплатно. Како што пренесуваат медиумите, најголем интерес за пасошот од оваа членка на Европската Унија има кај младите луѓе.
Слично
