Науседа: Нема повеќе руски гас во Литванија, ако можеме ние можат и другите
Литванија целосно го запре увозот на руски гас.
Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, вчера соопшти дека неговата земја целосно го сопрела увозот на руски гас.
„Од овој месец нема повеќе руски гас во Литванија“, напиша Науседа на Твитер.
Тој изјави дека Литванија пред многу години донела одлуки кои денес и овозможуваат безболно да ги прекине енергетските врски со Русија, пишува РИА Новости.
„Ако можеме ние да го сториме тоа, може и остатокот од Европа“, веки Науседа.
Европската комисија претходно објави дека планира да ја намали зависноста на ЕУ од рускиот гас. Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за трговијата со гас со „непријателските земји“. Откако Русија ја почна војната во Украина на 24 февруари, Западот воведе санкции за Русија. Европа е зависна од рускиот гас. Некои веќе како Јапонија на пример се изјаснија дека нема да се откажат од рускиот гас. И Турција нема да се откаже од него.
