Наумовски спремен за Вашингтон: САД се нашиот најважен стратешки партнер!
Амбасадорот Васко Наумовски пред пратениците денеска ја бранеше својата платформа за претстојната амбасадорска функција во САД. Освен шеф на дипломатската мисија во Вашингтон, тој таму ќе биде и претставник на Македонија во разговорите за разликата околу името, што се водат во Обединетите нации.
Пред Комисијата за надворешни работи во македонското Собрание, Наумовски пред заминување рече дека во мандатот акцент ќе стави на економските и политичките односи, а како најважни активности ги истакна - привлекувањето на директни странски инвестиции, соработката во областа на одбраната и поддршката на македонските иселеници во САД.
„Соединетите Американски Држави се наш најважен стратешки партнер и сојузник и за време на својот мандат ќе работам на продлабочување на тие односи. Важно е и започнувањето на постапката за безвизен режим со САД. Тоа е долг и сложен процес и потребмо е унапредување на критериумите на подолг рок“, истакна Наумовски пред пратениците.
На позицијата во САД, Наумовски го наследува Зоран Јолевски, кој беше назначен за министер за одбрана.
Слично
