Наумовски најавува нова рунда преговори за името до крајот на годината
Нова рунда разговори за разликите околу името меѓу Македонија и Грција треба да се одржи до крајот на годинава, очекува новиот македонски претставник во процесот што се води во Обединетите нации Васко Наумовски.
Реферирајќи за своите должности како амбасадор на Македонија во САД, Наумовски, кој воедно ќе биде и нов претставник на земјава во разговорите со Грција, истакна дека Македонија е посветена да се изнајде решение за спорот.
„Во овие разговори Република Македонија настапува со јасно изразена волја да се надмине таа разлика што постои во однос на името. За жал впечаток е дека кај другата страна во овој момент постои еден недостиг на мотивација за надминување на оваа разлика, но и покрај тоа ние ќе продолжиме да разговараме со нашите соседи“, рече Наумовски.
Тој најави дека како амбасадор во САД ќе се заложи за унапредување на економските и политичките односи меѓу двете земји, а ќе се залага и за укинување на американските визи за македонските граѓани.
Слично
