Наумов: За пет години владата на ВМРО-ДПМНЕ го дуплираше јавниот долг!
За само пет години владата на ВМРО-ДПМНЕ го има дуплирано јавниот долг, обвини опозицијата. Како што соопшти Кире Наумов, претседател на Советот за економски прашања на СДСМ, Груевски и Ставревски потпишуваат документи со кои годишно се задолжуваат во просек по 270 милиони евра.
Само во време траењето на опозициската прес-конференција, вели Наумов, веќе сме задолжени за нови 1.500 евра.
„Кога ќе си легнете вечер бидете сигурни дека денот завршил така што имаме поголем долг за 750 илјади евра, затоа што за толку просечно секој ден Груевски зема кредит на име на сите граѓани“, истакна Наумов кој додаде дека владата ниту во еден момент не помислува да му помогне на стопанството и овие средства да ги остави кај банките и другите инвеститори.
„Затоа таа денес веднаш емитува хартии во вредност за истата сума, односно за 5 милијарди денари. Останува до крајот на денот да видиме само колкава нов долг, колкава сума над 80 милиони евра ќе бидат прибрани од банките и другите клиенти“, забележа Наумов.
Според податоци од министерството за финансии октомври, владата направила буџетски дефицит од нови 22 милиони евра, велат од опозицијата од каде посочија дека секој месец владата трошела по 30 милиони евра повеќе од тоа што успева да собере во буџетот преку даноци, такси, казни и други приходи.
„Јавниот долг заклучно со октомври е за скоро 170 милиони евра повисок од вкупните приходи кои владата планира да ги собере со буџетот во 2014 година. Тоа значи дека владата не задолжила за повеќе од едногодишната вредност на платите, пензиите, социјалните трансфери, субвенциите,капитални инвестиции. За да се врати овој долг, една година државата треба да не троши ништо, да живее од воздух и повторно на крајот да останеме должни“, рече Наумов.
„Владата ниту во еден момент не помислува да му помогне на стопанството и овие средства да ги остави кај банките и другите инвеститори“, потенцираат од СДСМ.Од СДСМ ја обвинуваат владата дека го дуплирала јавниот долг. Почнувајќи од 2008-та, само за пет години, владата на ВМРО-ДПМНЕ го дуплираше јавниот долг, просечно годишно по 270 милиони евра, изјави на денешната прес-конференција Кире Наумов, претседател на советот за економски прашања на СДСМ.
За опозицијата резултатите од економската политика на владата на Никола Груевски за тековните 10 месеци од оваа година се само нови долгови.
Слично
