НАУМОВ: Влегуваме во должничко ропство
Дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов во интервју за емисијата „10 минути” на ТВ 21 предупредува дека државата влегува во сигурно должничко ропство.
Наумов потенцира дека новата Влада ќе мора да го стабилизира долгот и да го намали дефицитот.
„Ние остануваме на тоа. Велиме дека за плати и пензии мора да има средтства, тие ги има, но не дозволуваме понатамошни задолжувања за кои што знаеме дека одат на начин на кој што одат. За изборна корупција или за сите други малверзации за време на избори“ – рече Наумов.
Министерот претходно најави и дека ќе изврши увид во трезорот на министерството за финансии со цел откривање криминал, но вели процесот тешко оди.
„Скоро е невозможно веднаш да ги откриете криминалите пред да имате увид во сите други институции. Она што сега го имаат како мандат дополнителните заменици министри со сите опструкции што ги имаме, треба да го спречи колку што може понатамошното криминално" - истакна Наумов.
