Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наумов: Укината одлуката на ДИК за задолжувањата на домашниот пазар на капитал

Наумов: Укината одлуката на ДИК за задолжувањата на домашниот пазар на капитал

Претходниот состав на Државната изборна комисија донесе политички диригирана одлука, обвинува дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов.

Според невовите зборови, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ надвор од сите законски надлежности донеле одлука со која овозможиле  неконтролирано задолжување во пресрет на претстојните парламентарни избори.

Наумов потсетува дека и поракј тужбата која кон крајот на јануари ја поднесе до Управниот суд, против одлуката на ДИК, министерот Ставрески свесен дека одлуката на ДИК е оспорена, закажал и одржал 4 аукции на државни хартии од вредност.

„Со овие 4 аукции министерот Ставрески, повторно потенцирам, свесен дека одлуката на ДИК може да биде поништена, запиша повеќе од 78 милиони евра, иако за враќање доспеваа долгови во вкупен износ од 32 милиони евра.

Ставрески знаејќи дека постапката за задолжувањата на домашниот пазар на капитал не е конечна, го зголеми нето долгот за скоро 46 милиони евра“, вели Наумов.

Тој вели дека оваа одлука потврдува дека министерот Ставрески свесно ги довел во ризик за преиспитување на овие пласмани од аспект на нивно третирање како законски јавен долг.

„За самоволието да не застане тука, министерот Ставрески денес, по веќе донесена и доставена одлука на Управниот Суд на РМ, повторно објави проспекти за аукција на 16.02.2016 година.

Во овој момент новиот состав на Државната изборна комисија е на потег“, потенцира Наумов.

Слично

Поврзани вести