Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наумов укажува на огромни пропусти во владините задолжувања

Наумов укажува на огромни пропусти во владините задолжувања

Дополнителниот министер за финансии Кире Наумов бара одговорност за како што вели, пропустите во процедурите при државните задолжувања.

Во соопштение испратено до медиумите, Наумов наведува дека по вчерашното откажување на аукцијата, денеска е закажана нова аукција, која ќе се одржи на 9 февруари 2016 година.

Според него тоа е направено по двојното прекршување на постапката за закажување аукции на државни хартии од вредност, согласно Правилникот за начинот и постапката за издавање и исплата на државни хартии од вредност.

 „И неодговарањето на моето писмено барање е кршење на законот. За пропустите во процедурите при задолжувањата некој мора да понесе одговорност“, се вели во соопштението од Дополнителниот министер за финансии, Кире Наумов.

Слично

Поврзани вести