Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наумов: Ставрески го прекрши Законот за јавен долг

Наумов: Ставрески го прекрши Законот за јавен долг

Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов вели дека министерот Ставрески  ги прекршил  Законот за јавен долг и подзаконските акти кои го регулираат начинот и постапката за издавање и исплата на државни хартии од вредност, соочен со  рекордниот износ на јавниот долг од 4 милијарди и 224 милиони евра.

„Во Законот за јавен долг член 18 став 7 децидно е наведено дека начинот и постапката за издавање и исплата на државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар ги пропишува министерот за финансии.

Во Правилникот за начинот и постапката за издавање и исплата на хартии од вредност (“Службен весник на РМ“ бр.99/2005,35/2007,132/2007, 68/2009 и 131/2009) донесен од страна на министерот за финансии, во член 17 став 2 стриктно е наведено дека издавачот ( Република Македонија преку Министерството за финансии), најдоцна до 14:00 часот во работниот ден, 4 работни дена пред денот на одржување на аукцијата го дефинира проспектот за аукција на државни записи и/или проспектот за аукција на државни обврзници и преку електронскиот систем го доставува до агентот (Народна банка на РМ). Во став 3 од истиот член се обврзува агентот (Народна Банка на РМ), во 14:30 истиот ден , преку електронскиот систем да ги упати проспектите од став 2 на член 17 до сите овластени директни учесници“, стои во соопштението на Наумов до медиумите.

Наумов потенцира дека Ставрески го дефинирал проспектот за аукција на државни записи и проспектите за аукција на државни обврзници за аукцијата закажана за 02.02.2016, на ден 29.01.2016, односно 3 работни дена пред денот на одржување на аукцијата и поради тоа вели дека ја побара целокупната документација и одлуки кои претходат на објавувањето на проспектите.

Дополнителниот заменик најави и  жалба која ќе ја поднесе до Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка при работен однос во втор степен со која ќе го оспори одржувањето на аукцијата на 02.02.2016 година поради прекршување на постапката од страна на министерот за финансии.

Слично

Поврзани вести