Наумов: Со задолжувањето почна да се реализира планираниот дефицит за 2016!
Дополнителниот заменик министер за финансии кој беше назначен согласно договорот од Пржино, Кире Наумов ги коментира задолжувањата на домашниот пазар на капитал.
Тој вели дека со вчерашното прво задолжување за новата 2016 година се реализирале 5% од планираниот дефицит за целата 2016 година.
Наумов предупредува дека со ваквото темпо на задолжување веќе во месец мај планираниот дефицит за целата 2016 година ќе биде реализиран.
Тој упатува остри критики кон премиерот Груевски и министерот за финансии Ставрески кои, вели Наумов, ги задолжиле граѓаните со нови 15.5 милиони евра нето долг.
„Груевски и Ставрески се водат од девизата ПОСЛЕ НАС ПОТОП“, вели Наумов.
Именов, дополнителниот заменик министер ги повика банките да бидат внимателни при купувањето на овврзници.
- Како најголеми доверители банките, пензиските друштва и осигурителните компании мора да имаат предвид дека сите аукции на државни хартии од вредност коишто немаат согласност од дополнителниот заменик министер за финансии, ќе бидат предмет на дополнително законско преиспитување. Од тие причини на ден 22.12.2015 година е поднесена тужба до Управниот суд на РМ против одлуката на Државната изборна комисија, која беше донесена од состав со истечен мандат и надвор од неговите законски надлежности, се вели во соопштението.
Вчера се одржа аукција на државни записи на хартии од вредност во вредност од скоро 15,5 милиони евра.
Најголем дел од парите, или 13 милиони евра Владата ги позајми преку продажба на државни хартии од вредност со рок на доспевање од 6 месеци, односно 1 година , додека 2,4 милиони евра ќе бидат обезбедени преку државни обврзници.
Вторите записи Владата ги првада со рок на доспевање од 15 и 10 години, со што продолжува трендот на долгорочни задолжувања.
Oна што најмногу ги загиржува експертите е исплатата на плати и пензии, а притисок ќе создадат и новите ветувања на власта како зголемени пензии и социјална помош, бесплатен превоз за студентите .
