Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наумов со реакција за утрешното задолжување на Владата

Наумов со реакција за утрешното задолжување на Владата

По повод утрешното задолжување на Владата преку  аукција на државни записи на хартии од вредност во вредност од  скоро 15,5 милиони евра, дополнителниот министер за финансии упати повик до банките апелирајќи да се водат од  државниот интерес и од интересот на граѓаните .

„Како најголеми доверители, банките, пензиските друштва и осигурителните компании мораат да имаат во предвид дека сите аукции на државни хартии од вредност коишто немаат согласност од дополнителниот заменик министер  за финансии, ќе бидат предмет на дополнително законско преиспитување, од аспект на нивно третирање како законски јавен долг“, стои во соопштението од кабинетот на Кире Наумов.

Најголем дел од парите, или 13 милиони евра Владата планира да ги позајми преку продажба на државни хартии од вредност со рок на доспевање од  6 месеци, односно 1 година , додека 2,4 милиони евра ќе бидат обезбедени преку  државни обврзници.

Вторите записи Владата ги првада со рок на доспевање од 15 и 10 години, со што продолжува трендот на долгорочни задолжувања.

Oна што најмногу ги загиржува експертите е исплатата на плати и пензии, а притисок ќе создадат и новите ветувања на власта како зголемени пензии и социјална помош,  бесплатен превоз за студентите .

Веќе во среда пак треба да се исплати истата сума за стари издадени и доспеани државни хартии од вредност, а до крајот на јуни ќе треба да бидат вратени 491 милион евра.

Дополнителниот министер вели дека секое задолжување кое ќе биде поголемо од износот кој е потребен за враќање на доспеани долгови по основ на државни хартии од вредност во наредните закажани аукции, ќе се третира како можност за злоупотреба на средства во предизборниот период.

Слично

Поврзани вести