НАУМОВ СО АПЕЛ ДО БАНКИТЕ: Новите задолжувања ќе се користат за изборни манипулации
Дополнителниот министер за финансии Кире Наумов во емисијата Економски магазин, повторно упати совет до банките да бидат внимателни колку пари и позајмуваат на државата, бидејќи јавниот долг може да биде оспорен.
„Ние тврдиме дека најголем дел од задолжувањата што сега ќе се прават ќе се користат за изброни манипулации. Во моментот кога би бил оспорен јавниот долг, ако тоа се случи, оини кои што на овој начин запишале хартии од вредност, ќе ги изгубат овие средства, одоносно државата ќе нема обврска да ги враќа и да го алиментира тој дел од јавниот долг. Ние само ги советуваме да бидат доволно внимателни и да ја истераат целата процедура како што тоа го сторија трите најголеми банки во светот со евробврзницата “, изјави дополнителниот замник Наумов.
Наумов, најави дека за ветото за задолжувањата на домашниот пазар што беше одбиено од стариот состав на Државната изборна комисија, освен што ќе се покрене постапка пред Управниот суд, истото ќе биде поднесено и до новиот состав на ДИК.
Инаку, следната недела државата преку аукција на хартии од вредност, планира од домашните кредитори да позајми близу 18,7 милиони евра. Задолжувањето е во износ на сумата на долговите што доспеваат за враќање на 23-ти овој месец.