Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наумов: Режимската МРТВ тоне во долгови побрзо и од Владата!

Наумов: Режимската МРТВ тоне во долгови побрзо и од Владата!

Вчера Управата за јавни приходи ја блокираше сметката на Македонскиот радиодифузен сервис.

По тој повод дененска дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов рече дека огромните долгови се потврда дека работата на јавниот сервис исклучиво како партиско гласило на ВМРО-ДПМНЕ е неодржлива.

Наумов вели дека за две години долгот по основ на даноци на МРТВ е зголемен за  повеќе од три пати. Тој во јануари 2014 изнесувал скоро 600.000.евра, а во февруари 2016 според листата на должници на Управата за јавни приходи долгот е повеќе од два милиони евра.

„Неправедно е граѓаните да плаќаат даноци за да го полнат буџетот и дополнително да плаќаат Радиодифузна такса за финансирање на партиско гласило кое создава само долгови“, изјави дополнителниот заменик министер.

Наумов обвинува дека наместо вистински јавен сервис што ќе работи во интерес на граѓаните, МРТВ е дел од пропагандната машинерија на Никола Груевски.

Тој посочува дека е неопходно да се обезбеди медиумски  простор за непристрасно, балансирано и објективно информирање на граѓаните. Јавноста има право да ја знае вистината.

Од партијата на Заев, велат дека   СДСМ ќе ја укине Радиодифузната такса и ќе обезбеди одржливо финансирање на МРТВ од буџетот.

Слично

Поврзани вести