Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наумов: Покачувањето на референтната каматна стапка е избрзан потег

Наумов: Покачувањето на референтната каматна стапка е избрзан потег

Иако не разбирам зошто НБРМ реагираше на соопштение во врска со аукцијата на државни хартии од вредност, спроведена од Министерството за финансии, сепак ќе одговорам на реакцијата, соопштија од кабинетот на дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов.

Тој потсетува дека во февруари и јуни 2015 година, НБРМ интервенирала на девизниот пазар  со 153 милиони евра и 76,3 милиони евра соодветно, односно со суми поголеми од  интервенцијата во месец април годинава, додека пак во услови на подлабока нерамнотежа на девизниот пазар, НБРМ не интервенирала со дополнителни мерки.

„Во 2016 година во првите 3 месеци има пораст на депозитната база кај банките, отпочната е трета година по ред во дефлација, перформансите на банкарскиот сектор се подобрени, што може да се потврди и од финансиските извештаи за прв квартал 2016 година на трите водечки банки кои објавија за четири пати поголема добивка во однос на истиот период минатата година. Со други зборови, сите показатели упатуваат на непостоење на причина за подигање на референтната каматна стапка“, објаснува Наумов.

Дополнително нерамнотежата на менувачкиот пазар, која пред се беше од шпекулативен карактер, се смири уште пред антиинфлаторната мерка да има време да се ефектуира, што покажува дека истата беше избрзано донесена.

Дополнителниот заменик министер искажува надевање дека нема да дојде до покачување на каматните стапки на кредитите, а со тоа граѓаните и стопанството да ја платат цената на избрзаните потези од страна на Гувернерот.

Слично

Поврзани вести