Наумов обвинува дека државата се задолжува без негова согласност
За утре е закажано ново задолжување.
Токму новата аукција на домашниот пазар за хартии од вредност го изреволтира дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов кој тврди дека Министерството ќе се задолжи без негова согласност.
Наумов потсетува дека и покрај тужбата која кон крајот на јануари ја поднесе до Управниот суд, против одлуката на ДИК, министерот Ставрески свесен дека одлуката на ДИК е оспорена, закажал и одржал 4 аукции на државни хартии од вредност.
Тој вели дека со аукциите министерот Ставрески запишал повеќе од 78 милиони евра, иако за враќање доспеваа долгови во вкупен износ од 32 милиони евра.
Дополнителниот заменик неодамна реагираше на задолќувањата образложувајќи дека јавниот долг доби нов рекорд.
„Со само 4 одржани аукции на државни хартии од вредност, над 15% од дефицитот за 2016 година е веќе реализиран“, посочува Наумов.
Во однос на лимитот на државата за задолжувањата, Наумов потенцира дека тој е неограничено и погрешно.
