Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наумов контра Чавков: Во Буџетот за 2016 не се предвидува раст на платите во МВР!

Наумов контра Чавков: Во Буџетот за 2016 не се предвидува раст на платите во МВР!

Повисоки плати за 5 % ќе земаат вработените во Министерството за внатрешни работи, почнувајќи од април соопшти вчера Митко Чавков кој е дополнителен заменик министер во МВР согласно договорот од Пржино.

Оваа изјава денеска ја негира дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов кој вели дека Чaвков ги изманипулирал вработените во МВР.

Наумов објаснува дека во Буџетот на РМ за 2016 година не се предвидени средства за зголемување на ставката исплата на плати и надоместоци а ниту пак Чавков ниту Груевски не обезбедиле средства ниту побарале од Собранието да се издвојат средства за оваа намена.

Доплнителниот заменик министер за финансии го образложува ова тврдење така што вели дека оваа информација била разгледувана на Комисијата за економски систем и тековна економска политика на Владата на РМ пред неколку дена а Министерството за финансии доставило мислење до Комисијата за економски систем и тековна економска политика на Владата на РМ во кое Министерот Ставрески потврдува дека во буџетот не се предвидени средства за покачување на платите за вработените во МВР.

Наумов истакнува дека Чавков не ги испочитувал  одредбите од постигнатиот договор со Македонскиот полициски синдикат и не обезбедил средства во буџетот за 2016 година за реализирање на истиот, а покачувањето било договорено во март лани, при што Чавков не ги почитувал договорите кои ги потпишал самиот.

Слично

Поврзани вести