Наумов: ќе ја вратам СДСМ на политичката сцена како сериозна и стабилна партија!
Кандидатите за лидер на СДСМ влегуваат во нова фаза во кампањата. Денеска Кандидатот за претседател, Кире Наумов, ја претстави програмата со која ќе бара гласови за лидерското место во најголемата опозициска партија. Тој ветува заживување на СДСМ. Вели дека ќе ја врати на патеките на сериозна и стабилна партија. Наумов, повторно го спомена проблемот со листата на делегати за која тој реагираше уште на почетокот на процедурата кога побара листите да бидат јавни.
„Денес ја ставам на увид на членовите на СДСМ и на јавноста мојата концепт програма со наслов „Промена за промени“. Ова е концепт програма, врз основа на која после втори јуни, во соработка со членовите на СДСМ и нејзините поддржувачи, како и граѓаните на Р.Македонија, ќе се изработи поконкретна, подетална работна програма, врз која ќе се базира работењето и делувањето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во наредниот период“, изјави Наумов.
Кире Наумов ќе се натпреварува со тројцата потпретседатели на СДСМ, Игор Ивановски, Зоран Јовановски и Зоран Заев.
Дел од членството и поддржувачите на актуелниот прв човек на партијата, собираат потписи за Бранко Црвенковски, но неговата кандидатура сѐ уште виси. Статутот на СДСМ остава можност кандидати да се пријават и на денот кога ќе се одржува конгресот.
Инаку, на конгресот ќе се избира и нов Централен одбор. Партиски извори за „Фактор“ тврдат дека и во изборот на нови членови на Централниот одбор ќе се бие голема битка. Централниот одбор брои околу 80-тна луѓе и нив исто така ги избираат на конгрес делегати. Новиот претседател на паријата несомнено ќе сака да направи свој тим, на тој начин презентирајќи еден нов СДСМ. Токму затоа не само битката за престолот, Заев, Ивановски, Јовановски и Наумов во истовреме ќе ја водат и битката за членови во Централниот одбор.
Слично
