Наумов: Јавниот долг достигна 4 милијарди и 300 милиони евра
Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов по повод денешното задолжување на државата реагираше укажувајќи на фактот дека со денешната аукција на државни хартии од вредност јавниот долг доби нов рекорд
Имено, долгот што граѓаните ќе треба да го враќаат сега изнесува 4 милијарди и 300 милиони евра.
„Со само 4 одржани аукции на државни хартии од вредност, над 15% од дефицитот за 2016 година е веќе реализиран.
На денешната аукција министерот Ставрески запиша 15.627 милиони евра, а за враќање доспеваа само 7.07 милиони евра, односно запиша 8.56 милиони евра нов нето долг“, вели Наумов.
И каматните стапки на дел од запишаните хартии од вредност се повисоки од претходно одржаните аукции.
Наумов го прозва Управниот суд на РМ да се произнесе по тужбата која тој ја поднесе на 22 декември 2015, против одлуката на Државната изборна комисија, посочувајќои дека неконтролираното задолжување на товар на граѓаните и идните генерации, единствено во функција на предизборниот период, мора да престане.
