Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наумов: Државата да се откаже од сите задолжувања

Наумов: Државата да се откаже од сите задолжувања

Дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов вели дека денешното соопштение од Министерството за финансии дека наводно се откажале од ново задолжување е срамен и неуспешен обид да се прикаже наводна грижа за стопанството.

Според него, вистината е дека денешната аукција на државни хартии не е откажана, туку во наредниот период од седум дена до наредната предвидена аукција не доспеваат долгови за враќање кон домашните кредитори.

„Во месец септември по основ на домашно задолжување долгови за враќање доспеваат на 07-ми, 21-ви и 29-ти, а предвидени се уште аукции за задолжување  на 20-ти и на 27-ми септември . Долгот што доспеваше на 7-ми во месецот се врати со средствата од аукцијата одржана ден претходно, со која дополнително јавниот долг се зголеми за нови пет милиони евра. Повторно се прави обид за манипулација со наводно намалување на домашно задолжување кон нула. Согласно официјалните податоци домашното задолжување заклучно со месец август изнесува повеќе од 79 милијарди денари. Прашање е зошто, после незаконската еврообврзница од 450 милиони евра и зголемувањето на јавниот долг од нови 5 милиони евра со последната аукција од пред само седум дена, од министерството за финансии сметаат дека е успех да не се одржи аукција во период во кој не доспеваат долгови за враќање кон домашните кредитори. Вистински потег и грижа за стопанството и економијата е да не се одржат  аукциите предвидени во календарот заклучно со 31 октомври 2016 година“ - се вели во реакцијата од Наумов.

Додава дека на тој начин долгот кон домашните кредитори ќе се намали за 114 милиони евра, средства што вистински ќе можат да се искористат за придвижување на македонската економија и подобрување на нејзината ликвидност.

Слично

Поврзани вести