Наумче Мојсоски: Демантирав и пак демантирам, не сум напишал ништо во врска со Порта Македонија!
Ракометарот Наумче Мојсоски и денеска потврдува дека демантирал оти напишал статус за Порта Македонија. Ја потврдува целата комуникација со Фактор.мк во врска со објавата што крена прашина на социјалните мрежи и медиумите.
„Сите тие профили или фан страни поврзани со моето име, јас не ги контролирам, некој пишува во име на таа фан страна“ вели денеска за Фактор Наумче Мојсоски.
Откако некои медиуми јавија дека Мојсоски воопшто не зборувал со Фактор, повикувајќи се на некој профил на Мојсоски Наумче ги демантираше тие шпекулации. Тој денеска вели дека станува збор за лажни профили.
„Не сум напишал, ниту објавил ништо на фејсбук. Јас немам фејсбук профил, а фан страната ја водат некои девојчиња кои не ги ни познавам“, изјави за Фактор ракометарот Наумче Мојсоски. Тој во моментов е во Романија, каде настапува за клубот ЧСМ Букурешт.
