Научниците тврдат: 86 отсто од луѓето имаат погрешен хороскопски знак!
Поради движењето на небото после настанувањето на 12-те хороскопски знаци, дури 86 отсто од луѓето не се родени во знакот во кој веруваат дека се.
Астрономот д-р Радмила Топаловиќ изјави за Би-би-си дека силните гравитации на Месечината и Сонцето предизвикуваат „треперење“ на Земјата, што значи дека кај повеќето луѓе постои отстапување од околу еден месец.
- Ако сте родени, да речеме на крајот на јануари, тоа би значело дека Сонцето тогаш би требало да биде во соѕвездието на Водолијата. Доколку, меѓутоа, би погледнале каде се наоѓа Сонцето на вашиот роденден, би виделе дека воопшто не е во Водолија, туку во соседното соѕвездие на Јарецот - објаснува Топаловиќ.
Овенот, на пример, ги покрива луѓето родени меѓу 19-ти и 14-ти мај, а не, како што сме навикнати, родените од 21-ви март до 20-ти април.
Постои и 13-ти знак, наречен Змијоносец, кој ги опфаќа родените меѓу 30-ти ноември и 18-ти декември. Не е познато поради што астролозите го изоставиле пред повеќе од 2.000 години.
Професорот Џон Латанцио, директор на Центарот за астрофизика на Универзитетот Монаш, вели дека одамна е познато дека астролошките знаци не се во сооднос со движењето на планетите.
- Причина е прецесијата на Земјината оска - рекол тој и објаснил дека податоците кои се однесуваат на одредени соѕвездија во хороскопските знаци повеќе не одговараат на фактите.
Тој вели дека суштинското прашање е дали положбата на ѕвездите во моментот на раѓањето може да влијае на личноста.
- Прво треба да проверите дали има некакво влијание, а истражувањата покажаа дека нема - рекол Латанцио и додал дека луѓето кои веруваат во знаците на зодијакот се, всушност, жртви на „ефектот на потврдување“ и дека го читаат она во што сакаат да веруваат.
Астрологот Хелен Хартли, меѓутоа, не го дели неговото мислење. Таа вели дека Би-би-си објавил „куп глупости“, кои не го земаат предвид начинот на кои астролозите работат.
- Постојано се среќаваме со тоа. Не обрнуваме внимание на аргументите кои ги изнесуваат научниците - рекла таа, истакнувајќи дека астролозите не се потпираат на основните знаци, туку пресметуваат индивидуални хороскопи засновани на точното време на раѓањето на личноста, што им дава дводимензионална слика на небото и како тоа би можело да влијае на личноста и нејзините меѓучовечки односи.
Слично
