Економија, финансии, бизнис

Контакт

Националните телевизии бараат подобрување на медиумската сфера

Националните телевизии бараат подобрување на медиумската сфера

Македонската медиумска асоцијација, во која членуваат петте национални телевизии Алфа, Телма, Канал 5, Сител и Алсат-М, во Собранието ги достави предлозите за измена на Законот за аудио и аудиовизуелни услуги.

Со ова бараат подобрување на состојбите во медиумската сфера. ММА бара укинување на членот 92 со кој се уредува обемот на  домашно медиумско производство, намалување на паричните казни, како и неопходно емитување на терестријален сигнал од кабелските оператори.

Воедно се бара и уредување на порталите за да се обезбедат фер услови на медиумскиот пазар.

„Македонската медиумска асоцијација  имаше вонреден состанок на кој конечно ги договоривме нашите предлог измени на актуелниот законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да ги доставиме до првиот човек на Собранието, Трајко Вељаноски. Истовремено со тој допис бараме итна собраниска седница, и очекуваме во најбрз рок тоа да биде ставено на гласање, и буквално сите наши забелешки сите членови кои што сметаме дека треба да бодат коригирани, во интерес на  медиумската бизнис заедница во Македонија веднаш да бидат прифатени и имплементирани“ - вели Иван Мирчевски, претседател на ММА.

Предлог измените на ММА се доставени и до претставниците на странските амбасади во земјава, до политичките партии, ОБСЕ и до премиерот Емил Димитриев. Предлог закон за  реформи во медиумите до Собранието доставија и останатите новинарски и медиумски организации.

Слично

Поврзани вести