Националната банка на Грција отпушта 2.000 службеници
Националната банка на Грција (National Bank of Greece, NBG), планира да скрати околу 2000 работни места, или околу 15% од своите вработени во Грција, објави Reuters, цитирајќи го соопштението од банката. Целта на овие кратења е да се се зголеми економичноста на работењето на банката, по превеземањето од Еуробанк.
Како што информираат од НБГ, ќе бидат отпуштени дел од вработените кои се пред пензионирање, а ќе се отпуштат врз база на доброволна согласност. Процесот, акко што посочуваат од банката ќе заврши до март, а ќе бидат отпуштени само вработени од НБГ, а не и од Еуробанк.
Очекуваните резултати по спојувањето на двете банки значи реструктуирање на дејниоста придружено со отпуштања на вработени и затварање на канцеларии и филијали на банките низ земјата. На почетокот на годината, заменик генералниот директор на НБГ, Петрос Христодулу посочи дека околу 25% од филијалите на новата банката ќе бидат реструктуирани.
Слично
