Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАТО испраќа авиони „АВАКС“ во турскиот град Коња

НАТО испраќа авиони „АВАКС“ во турскиот град Коња

НАТО планира да распореди разузнавачки авиони „АВАКС“ - „Boeing E-3 Sentry“ во Турција во рамките на пакетот мерки за давање на информации одобрени неодамна од Алијансата. Ова го соопштиле германски официјални претставници, објави весникот „Билд ам Зонтаг“.

„Boeing E-3 Sentry“ е опремен со систем за радиолокациска борба, кој се користи за следење на комуникациите на противникот во зоните на конфликтот.

Портпаролот на германското Министерство за одбрана Борис Нант истакнал дека распоредувањето на авионите ќе биде „чисто одбранбена мерка“. Нема детали колку авиони и екипажи ќе бидат распоредени во турскиот град Коња и кога ќе се случи тоа.

Слично

Поврзани вести