НАТО и ЕУ повикуваат на смирување на страстите!
ЕУ, САД, ОБСЕ и НАТО ги повикуваат граѓаните во Македонија да се воздржат од насилство, после протестите од страна на албанското население.
Во заедничко соопштение делегациите на ЕУ, Амбасадата на САД во Скопје и мисијата на ОБСЕ и НАТО во Македонија апелираат на граѓаните и држаното раководство да се обединат и во духот на конструктивен дијалог да се позанимаваат со проблемите кои негативно влијаат на меѓусебното разбирање и меѓуетнички односи во Македонија.
„Сите граѓани имаат право на протести и изразување на своето мислење на мирен начин, но немаат право да прават деструктивни, насилни дела“, се предупредува во соопштението.
Исто така се наведува дека секој меѓуетнички инцидент или обид на покренување нетолеранција дава приликаза политизирање или искористување на состојбата во политичка цел, но дава и шанса за отворање на дијалог и зајакнување на односите помеѓу различните етнички заедници.
„Ова е шанса за политичките лидери да се зафатат за воспоставување на интегрирана држава која почитува различност“, се додава во соопштението.
