Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАТО го оценува напредокот на Македонија во пресрет на Самитот во Велс

НАТО го оценува напредокот на Македонија во пресрет на Самитот во Велс
Македонија, Црна Гора, Грузија и Босна и Херцеговина - ова се четирите земји кои посакуваат членство во Северноатлантската алијанса и чиј напредок уште еднаш ќе биде преоценет на министерскиот состанок на НАТО што почнува денеска во Брисел. Состанокот, кој започнува вечер со работна вечера, а ќе продолжи и утре, се организира во пресрет на претстојниот НАТО самит во Велс. Според најавите, министрите на земјите-членки на Алијансата треба да направат преглед на напредокот направен од страна на земјите-аспирантки за членство. Веќе подолго време се најавува дека Смитот во Велс може да биде можност за ново проширување на Алијансата. Освен ова, министрите за надворешни работи од земјите-членки на НАТО ќе дискутираат за начините за унапредување на прекуокеанските врски меѓу северноамериканските и европските сојузници, ќе разговараат за украинската криза, а дел од разговорите ќе посветат и на Авганистан и на плановите за оваа земја по повлекувањето на меѓународната мисија предводена од НАТО. Во контекст на проширувањето, неизвесно е каков став ќе заземат министрите за надворешни работи, кои разговорите на оваа тема ќе ги започнат уште вечерва во текот на вечерата, а ќе ги продолжат и утре. Генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен за време на неговата неодамнешна посета на Скопје повтори оти во однос на Македонија НАТО останува на ставот во Букурешт - најпрво решение за името, а потоа покана за членство.
Слично

Поврзани вести