НАТО е спремно - им одговори Столтенберг на Белград и Приштина
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на Белград и Приштина им порача дека НАТО е спремно. Вели дека нивните сили се будни.
Столтенберг за француската телевизија Франс 24, изјави дека неговата порака до двете страни е да се воздржат од изјави и потези кои придонесуваат на ескалација и конфликтот, и да помогнат да се смират тензиите.
„НАТО е многу фокусирано на прашањето на Косово, како и на Западниот Балкан. Имаме долга историја, помогнавме да завршат две етнички војни, прво во БиХ, а потоа и на Косово. Нашите сили се сè уште присутни таму преку Кфор, кој има речиси 4.000 припадници и кој е клучен фактор во стабилизацијата на регионот и ситуацијата“, кажа Столтенберг.
Специјалниот претставник на ЕУ за Дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак доаѓа во Белград за да разговара со Александар Вучиќ и претставници на властите во Србија за актуелните тензии на Косово.„Меѓународната заедница ги слуша Србите само кога се на барикадите“, изјави премиерката на Србија, Ана Брнабиќ на прашање на N1 дали има совет за Србите кои се наоѓаат на барикадите на северот на Косово.
Деновиве имаше барикади на Косово, претходно косовските власти уапсија Србин, а пред тоа српско семејство остана без своето вино.
Во Србија синоќа имаше протест, при што демонстрантите во Белград запалија косовско знаме.
foto EPA - EFE
