Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАТО бара слобода на медиуми и независна истрага за случајот ,,Пуч”

НАТО бара слобода на медиуми и независна истрага за случајот ,,Пуч”
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на денешната средба со премиерот Никола Груевски, порача дека е неопходна слобода на медиумите, слободна опозиција, независна истрага и преземање одговорност за излез од кризата. Секретарот Столтенберг рече дека не сака да ги коментира информациите дека во Македонија прислушувале странски служби. ,,Не можам да коментирам наводи дека евентуално странски служби прислушувале во поранешната југословенска Република Македонија. Ја потенцирав потребата од слобода на медиумите, од давање добри работни услови за опозицијата. Тоа се демократски вредности кои мора да се почитуваат од страна на сите вклучени страни. Ја нагласивме важноста од независна и целосна истрага околу сериозните тврдења, како и потребата тие коишто се одговорни да одговараат за она што се случило, рече Генералниот секретар на НАТО. Столтенбер рече дека НАТО ќе продолжи да ги следи настаните во Македонија, а напредокот зависи од ефективен политички дијалог, владеење на правото и слобода на медиумите. Околу проблемот за името, тој уште еднаш потенцираше дека Македонија не може да стане членка во Алијансата сѐ  додека тој проблем не биде решен со Грција.
Слично

Поврзани вести