Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наташа Пеливанова нов министер за полиција?

Наташа Пеливанова нов министер за полиција?
Како што се очекуваше се уште копјата се кршат околу тоа кој да биде нов министер за внатрешни работи. Иако во оптек има повеќе имиња, од извори во преговарачките тимови од Клубот на пратеници дознаваме дека се преговара за името на Наташа Пеливанова како најсериозен кандидат за оваа позиција. Пеливанова е работно ангажирана на Факултетот за безбедност-Скопје. Таа е родена е во Скопје во 1964 година. Нашите извори велат дека се очекува за Министер за труд и социјала да биде избрана Фросина Ременски, актуелен потпретседател на СДСМ. Заменик министер за финансии најверојатно ќе биде Кире Наумов, претседател на економскиот совет на СДСМ. Како можен кандидат за заменик министер за земјоделие фигурира името на Љупчо Николовски, а за заменик министер за администрација се споменуваат две имиња Цветанка Иванова и Александар Бајдевски. Овие неофицијални информации засега не може да бидат потврдени, па се очекува крајот на преговорите за да се расчистат дилемите. Нова вест: СДСМ ВЛЕГУВА ВО ВЛАДА: Спасовски министер за полиција, Ременски за труд и социјала
Слично

Поврзани вести