НАСТРАДАА СИРОМАШНИТЕ ЗЕМЈИ: Поради пандемијата секој втор човек во светот заработува помалку
На секој втор човек во светот му се намалени приходите поради пандемијата на коронавирусот.
Луѓето во сиромашните земји се особено погодени со губењето на работното место и скратување на работното време, покажа истражувањето на Галуп. Во истражувањето учествувале 300.000 луѓе од 117 земји, а резултатите покажаа дека половина од оние кои имаат работа заработиле помалку поради пандемијата.
„Во целиот свет тие проценти се движеа од 76 проценти во Тајланд до 10 проценти во Швајцарија“, соопшти Галуп.
Во Боливија, Мјанмар, Кенија, Уганда, Индонезија, Хондурас и во Еквадор, повеќе од 70 проценти од испитаниците изјавиле дека заработувале помалку отколку пред пандемијата на коронавирусот. Во САД, 34 проценти се изјасниле дека имаат помалку приходи.
Пандемијата погодила 1,6 милијарди луѓе во светот.
