Економија, финансии, бизнис

Контакт

Настрадаа штабовите и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ во Чаир

Настрадаа штабовите и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ во Чаир
Непознати сторители ноќеска демолирале три штаба на ВМРО-ДПМНЕ во општина Чаир. Биле искршени  прозорците и стаклата на влезните врати на штабовите на месните комитети "Рајко Жинзифов" и "Васил Главинов" во населбата Топанско Поле, како и на штабот на месниот комитет „Александар Македонски" во Чаир, објави „Нова Македонија“. Демолиран бил и изборниот штаб на СДСМ во Чаир, каде исто така била причинета материјална штета и биле искршени прозорците Полицијата изврши увид и трага по сторителите на овој чин, ко се случува на шест дена до изборите. ФОТО: Нова Македонија и А1он
Слично

Поврзани вести