„НАСТЕЛ“ ЗАБЕЛЕЖЛИВО ГО НАМАЛУВА АКЦИОНЕРСКИОТ ПАКЕТ ВО „РЕПЛЕК“ - се сведе на под 7 проценти
Компанијата Настел на бизнисменот Зоран Азманов веќе сериозно го намалува својот акционерски процент во фармацевтската компанија „Реплек“. Со последната продажба на дури 3.357 акции од таа компанија, Настел се сведе на 6,89 отсто од акционерскиот капитал.
А до пред извесен период, преку својата компанија, но и преку контролирани друштва, поседуваше близу 12 отсто од капиталот на таа компанија.
Но, од пред неколку месеци бизнисменот почна да ги продава своите акции, бидејќи, како што рече, сака да ги насочи како инвестиции во градежниот бизнис.
„Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, Реплек АД Скопје објавува дека акционерот со над 5 отсто Душан Пецовски, воедно Претседател на Управниот одбор и Генерален директор на Реплек АД Скопје, се стекна со 5 нови акции, со што поседува вкупно 31.620 или 12,20 отсто од вкупниот број на акции.
Акционерот, пак, со над 5 отсто односно компанијата Настел ДООЕЛ продаде 3.357 акции, со што поседува вкупно 17.866 или 6,89 отсто од вкупниот број на акции“, се вели во објавата од компанијата на Берзата.
Слично
