Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАСТЕЛ ПОВТОРНО ПРОДАДЕ АКЦИИ ОД РЕПЛЕК: нови промени, еве кој член на НО купуваше

НАСТЕЛ ПОВТОРНО ПРОДАДЕ АКЦИИ ОД РЕПЛЕК: нови промени, еве кој член на НО купуваше

Фармацевтската компанија Реплек известува за нова промена во сопственоста на акциите. Имено, во слична насока како и досега, компанијата „Настел“ продолжува со продажба и со намалување на сопственичкиот удел во оваа фарамцевтска компанија. 

За новата продажба на акции на Настел, компанијата извести преку Македонска берза. 

- Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, Реплек АД Скопје објавува

Акционер со над 5% односно компанијата НАСТЕЛ ДООЕЛ продаде 88 акции, со што поседува вкупно 15.178 или 5,86% од вкупниот број на акции - се посочува во објавата на берза. 

Воедно Реплек извести и за нова набавка на акции од компанијата која ја направи член на Надзорниот одбро. 

Имено, Петар Андреевски кој е член на НО купил 10 акции од компанијата, со што процентот на неговиот удел во вкупниот број на акции достигнува 0,04 проценти. 

Акциите на Реплек се меѓу најтргуваните акции изминатиот период, а повеќе за тоа како работи оваа компанија и кој се купува и продава акции на овој линк.  

Слично

Поврзани вести